Убиецот на Чарли Кирк се појави во суд, обвинителите ќе бараат смртна казна

Тајлер Робинсон, обвинет за убиството на Чарли Кирк признал дека го убил десничарскиот активист во порака до својот цимер, објавија обвинителите, додека ги претставуваа седумте обвиненија против него. Цимерот бил романтичен партнер на обвинетиот. 

Случајот со осомничениот за убиството на познатиот говорник и пријател на Трамп, Чарли Кирк доби драматичен пресврт кога цимерот и партнер на осомничениот, кој е трансродова личност им предал на истражителите серија текстуални пораки разменети на денот на убиството. Љубов моја, зарем го уби Чарли Кирк?, е една од пораките на партберот на убиецот на Кирк.