Убедлива победа на Пецевски на ММА-турнирот СБЦ26, во Сомбор
Foto

Убедлива победа на Пецевски на ММА-турнирот СБЦ26, во Сомбор

Македонскиот број еден борец во ММА, Стефан Пецевски, синоќа имаше успешен настап на најпрестижниот турнир на Балканот, СБЦ.

Во својата категорија до 77 килограми, Пецевски го совлада Рифат Петрушевиќ од Србија. Победата ја заслужи со зафат од позадина, или популарно наречен rear naked choke, во втората, од предвидените три рунди.

Ова е петта борба во професионалната кериера на 24-годишниот Пецевски и четврта победа. Има и едно нерешено и се уште е непоразен. На СБЦ26 во Сомбор настапи и Азербејџанецот Хидајат Мамадов, како претставник на македонскиот клуб „Д стронгест3. И тој забележа победа, против Велљко Стојковиќ од Србија, со зафат армбар, во првата рунда.

Foto

0 Коментари

Остави коментари