Убедлива победа на Барселона над Наполи
Foto

Убедлива победа на Барселона над Наполи

Во вториот меѓусебен пријателски натпревар на турнејата во САД, Барселона синоќа со убедливи 4:0 го совлада Наполи.

Головите за каталонскиот тим ги постигнаа Луис Суарез (два), Антоан Гризман и Осман Дембеле.

Сите четири погодоци паднаа во второто полувреме, а дуелот во Мичиген ќе го памети Гризман по својот дебитантски погодок за Барселона.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер во поразенииот тим.

И пред три дена, Барселона победи, но на таа средба, одиграна во Мајами, беше многу понеизвесно и заврши со 2:1.

0 Коментари

Остави коментари