Убедлив пораз на Куманово во БИБЛ лигата
Foto

Убедлив пораз на Куманово во БИБЛ лигата

Кошаркарите на Куманово претрпеа висок пораз вечерва на домашен терен од бугарскиот тим Академик со 87:70 во премиерниот натпревар од втората фаза во регионалната БИБЛ лига.

Куманово лошо ги одигра воведните две четвртини, постигнувајќи само 22 поени, и на полувреме имаше негатива од 15 кошеви (37:22).

Трета четвртина донесе поинаква слика на паркетот и откако Куманово ја реши во своја корист со 30:19 се доближи на само четири поени негатива на осум минути пред крајот на натпреварот.

Сепак, бугарскиот тим брзо ја врати двоцифрената предност и забележа убедлива победа на гостувањето во Куманово.

Македонскиот тим во следниот натпревар од вториот дел во групната фаза во регионалната кошаркарска лига го пречекува израелскиот тим Хапоел Холон на 12 март.

0 Коментари

Остави коментари