Уапсени Италијанци кои продавале лажно злато во Тирана и Подгорица

Двајца италијански државјани се уапсени во албанскиот град Елбасан поради продажба на лажно злато во Албанија и во Црна Гора.

Во акцијата „Fake Gold“ (лажно злато) уапсени се Фортунато Мадалони (67), жител на Неапол и 76-годишниот Рикарди Џенарио, жител на Милано, се уапсени во обид да продадат уште една количина лажно злато на златар во Елбасан.

– Од истражните дејствија е утврдено дека овие граѓани меѓусебно во периодот јуни-август 2022 година продавале злато (метал) во вид на зрна, во вредност од 200.000 евра, во Тирана и Подгорица. Како материјални докази запленети се 3 килограми лажно злато, 160 грама чисто злато, 4 мобилни телефони, 1.500 евра и 150 швајцарски франци, стои во полициското соопштение.