Уапсени десет лица и повреден еден полицаец за време на вчерашните инциденти во Атина
Foto

Уапсени десет лица и повреден еден полицаец за време на вчерашните инциденти во Атина

Приведени 50 лица, од кои 10 уапсени, повреден еден полицаец и материјална штета е исходот од инцидентите што синоќа се случија во атинската населба Ексархија, по протестот за одбележување на 11годишнината од убиството на Алексис Григоропулос, средношколецот кој на 6 декември 2008 беше застрелан од полицаец, јави дописничката на МИА од Атина.

Главниот дел од собирот, односно протесниот марш низ улиците на Атина, помина мирно и масовно, а инцидентите се случија во населбата Ексархија каде што и беше убиен Григоропулос пред 11 години.

Тензиите и инциденти, започнаа кога маскирани лица ја нападнаа полицијата со предмети, во главно мермер и со молотови коктели, по што полицијата интервенираше со шок бомби и солзавец.

Протести се одржаа и во други грчки градови, а инциденти имаше и во Солун и Патра. Според полицијата, во Патра беа уапсени седум лица и повредени двајца полицајци, а во Солун од осумтемина приведени, уапсени беа две лица

0 Коментари

Остави коментари