Уапсени членови на криминалната група „Беланоца-Барон“
Четири лица се приведени, а во дом на еден од осомничените е пронајдено поголемо количество на марихуана, што ќе биде предмет на вештачење, ифмормираат од Обвинителсвото за гонење на организиран криминал и корупција а во врска со предметот под кодно име „Бункер Од обвинителството појаснуваат дека за четворицата приведени постои основано сомнение дека сториле кривично дело „злосторничко здружување“ и кривично дело „убиство“, а еден од осомничените сторил и кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
„Според обезбедените докази, во текот на 2023 година осомничените станале припадници на група која дејствувала подолг временски период и имала за цел вршење на кривични дела убиство од одмазда и по порачка, за кое е пропишана затворска казна од најмалку 10 години или доживотен затвор и други кривични дела. Тие прифаќајќи ги одлуките и насоките од организаторите на криминалната група, во континуитет преземале дејствија на обезбедување услови, отстранување пречки и ставање средства на располагање за извршување на порачките за лишување лица од живот.“ - велат од ОЈО ГОКК.
Од МВР дополнуваат дека,тројца од осомничените во текот на месец јули 2023 година, на македонска и грчка територија, поттикнати и по порачка од претходно осомничен - организатор на групата, преземале дејствија на извидување на локација на оштетен и обезбедување средства за вршење на кривичното дело, при што во Грција бил лишен од живот припадник на спротивставена организирана криминална група.
Инаку во декември лани Обвинителството отвори истрага против 18 припадници на криминалната банда „Беланоца-Барон“. Осомничените во период од 2020 до 2024 година, организирале убиства на вкупно 8 луѓе, при што тројца други биле ранети, а на три лица им бил загрозен животот.