Уапсена краварката од Кривопаланечко - ги бркаше кравите во шума за да не ги заловат институциите
Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишиле од слобода Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, Кривопаланечко, поради сомнение дека спречила вработени од Агенција за храна и ветеринарство во извршување на службени дејствија.
Службените лица од агенцијата постапувале по решение за спроведување мерки за одземање на домашни животни – крави. Ј.Ѓ. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.
Претходно, Јулијана Ѓорѓиевска тврдела дека таа ги напасувала кравите – сопственост на нејзиниот татко, и дека при акцијата животните биле оттурнувани кон патните правци, што според неа предизвикало паника и ризик за јавната безбедност.

