Уапсена е жената која при упадот во Капитол го украде лаптопот на Ненси Пелоси
Foto

Уапсена е жената која при упадот во Капитол го украде лаптопот на Ненси Пелоси

Американските федерални власти ја уапсија жената за која се сомневаат дека го украла лаптопот од канцеларијата на спикерот на американскиот Претставнички дом, Ненси Пелоси, за време на немирите во Капитол, на почетокот на овој месец.

Рајли Џун Вилијамс е уапсена вчера, потврди претставник на Министерството за правда. не прециизрајќи кога таа ќе се појави на суд.

Федералното биро за истраги (ФБИ) во потерницата од неделата не ја обвини Вилијамс за кражбата, туку само за упад во Капитолот.

Познаник на уапсената изјави дека видел видео од Вилијамс како го зема лаптопот, што, како што се наведува, планирала да им го испрати на пријатели во Русија, а потоа да ги продаде на разузнавачката служба на таа земја. Планот, меѓутоа, не и успеа.

Соработниците на Ненси Пелоси потврдија дека лаптопот и е украден од салата за конференции, но додаваат дека тој се користел исклучиво за презентации.

0 Коментари

Остави коментари