Полицијата денеска уапсила судија од Врховен суд кој бил осомничен за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Судијата бил лишен од слобода на самото место додека го извршувал кривичното дело, наведуваат од Министерството. Од таму велат дека во моментов се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител.
Уапсениот судија има право да се повика на судиски имунитет за кој одлучува Судскиот совет на седница на Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас.