Уапсен осомничениот за убиството во Хром

Полицијата го уапси 39 годишниот скопјанец осомничен за убиството во скопската населба Хром...Тој бил лоциран во близина на  мостот “Обединети Нации” во населбата Влае и при обид за бегство е фатен и  приведен. Тој е осомничен за „убиство“ и „тешки дела против општата сигурност“. Претходно, беше уапсена и мајката на осомничениот, на која и е одреден и 30 дневен притвор, а која се сомничи дека предизвикала пожар во станот на убиентиот,  за  да се прикрие убиството сторено од синот.

„По настанот, тој се јавил повеќе пати телефонски кај неговата мајка, која зела пластично шише и отишла до најблиската бензинска пумпа, купила литар и пол гориво и во соизвршителство со синот подметнале пожар со намера да ги прикријат трагите за извршеното свирепо убиство. Со подметнатиот пожар тие предизвикале значителна опасност по животот на станарите кои што живеат во зградата.“

Пред десетина дена пожарникарите интервенираа на запален стан при што го пронајдоа телото на 36 годишникот кој живеел таму. Но причината за неговата смрт не била пожарот, туку, како што покажа и обдукцијата, 45 убодни рани во вратот и телото. Пожарот, утврди истрагата на обвинителството, го подметнале осомничениот и мајката заедно.