Уапсен осомничениот за нападот со нож во Хаг
Foto

Уапсен осомничениот за нападот со нож во Хаг

Холандската полиција соопшти дека денеска го уапси 35-годишникот осомничен дека со нож ранил три лица во градот Хаг. Полицијата во соопштението наведува дека осомничениот нема постојано живеалиште. Тој бил однесен во полициска станица за понатамошен распит.

Информациите се дека двете 15-годишни девојчиња и 13-годишното момче кои биле цел на нападот синоќа биле пуштени од болница. Холандските медиуми јавуваат дека барем засега, нападот не може да би окарактеризиран како терористички.

0 Коментари

Остави коментари