Уапсен дваесет и петгодишник од Малтино, осомничен за убиство на жена во село Челопек, Општина Старо Нагоричане

Влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил..Свирепо убиство во селото Челопек – Старо Нагоричане...

Кумановската полиција уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жена.. ..убиството се случило на 12-ти фебруари..

Гоце Андреевски – портпарол на Министерство за внатрешни работи: „ Во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од с. Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12-ти февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото. “ 

На терен излезен е и јавен обвинител а дадени се наредби за обезбедување докази и траги од лице место ...

ЈОРСМ: „Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек каде беше пронајдено безживотно тело на 78-годишна жена, за која постојат сомненија дека насилно била лишена од живот. Дадени се повеќе наредби за обезбедување докази и траги од чие место кои ќе бидат предмет на вештачење. Едно лице е лишено од слобода под сомненија дека е сторител на кривичното дело – убиство. “

Покрај за убиство, против осомничениот полицијата води истрага и за други кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане...