Уапсен дваесет и петгодишник од Малoтино, осомничен за убиство на жена во село Челопек, Општина Старо Нагоричане
Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село МАЛОТИНО ОД Општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово.
Како што велат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.
Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на Општина Старо Нагоричане.
Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.

