Уапсен Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“
Денеска е уапсен Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани ДООЕЛ“ од Битола, од страна на Финансиската полиција. Марковски е под сомнение за местење тендер вреден околу 100 милиони денари или 1,6 милиони евра во РЕК Битола. Марковски е познат и како почесен конзул на Белорусија во Македонија.
„Марковски компани“ беше една од најангажираните фирми во минатата влада, а на прес-конференции беше објавено дека со само 10 булдожери во РЕК Битола фирмата можела да заработува 63.000 евра дневно. Според шпекулации, во период од две години „Марковски компани“ инкасирала околу 200 милиони евра од државата. во 2024 година приходите на фирмата достигнаа речиси 2,8 милијарди денари, што ја позиционира меѓу најголемите градежни компании во регионот.

