У19: Македонија убедливо поразена од Англија
Foto

У19: Македонија убедливо поразена од Англија

Македонската репрезентација до 19 години загуби со 5:0 од Англија во вториот круг од квалификацискиот турнир за пласман во Елитна рунда квалификации за Европско првенство.

Со втората победа, Англија обезбеди место во следната фаза за пласман на Европско првенство, додека за вториот патник во елитната фаза од групата ќе решаваат дуелите од третото коло меѓу Македонија – Луксембург и БиХ – Англија.

На стадионот во Ѓорче Петров, селекцијата на БиХ го победи Луксембург со гол во 90. минута.

На 19. ноември од 13:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“, С. Македонија игра против Луксембург во последниот трет круг од квалификацискиот турнир, додека во Ѓорче Петров се соочуваат БиХ и Англија.

0 Коментари

Остави коментари