У17: Македонските фудбалерки ремизираа со Литванија во Лига Б од евроквалификациите
Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години одигра вчеравечер нерешено 1-1 против Литванија во воведното коло во групата Б3 за пласман во Лига А во квалификациите за Европското првенство 2025.
Во воведниот натпревар на квалификацискиот турнир што денеска почна во унгарскиот град Телки, избраничките на селекторот Катерина Милевска освоија бод со голот на Грозданова во 13 минута, откако Литванките дојдоа во водство веќе во 5 минута преку Блажевичуте.
Домаќинот на турнирот Унгарија во вториот натпревар од премиерното коло триумфираше над Андора со 8-1.
Македонката репрезентација во второто коло, во вторник ќе игра против Андора, а в петок против Унгарија.