У17: Македонските фудбалерки го совладаа Луксембург во евроквалификациите
Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години го совлада денеска Луксембург со 1:0 и ги освои првите бодови на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство.
Во вториот натпревар во рамки на четвртата група во Б Лигата што се одигра Тбилиси, избраничките на селекторот Катерина Милеска до триумфот дојдоа со погодокот на Глорија Тодорова во 2. минута.
Од 33. минута, Македонија имаше фудбалерка помалку на теренот, откако директен црвен картон ѝ беше покажан на Ања Каранфилоска.
Во вториот натпревар од денешната програма Велс, кој е следен противник на македонската репрезентација, го совлада домаќинот Грузија со 3:2.
Натпреварите од последното коло се на програмата в сабота.

