ТВ 24 во поплавените подрачја: Штетата по поплавите стигнува и до 100 000 евра
Поплавени дворови,куќи, но најалармантно е кај магацините со јаболка. Под вода и машините и јаболката, штетите достигнуваат и преку 100 илјади евра.
Коста од Царев Двор е сопственик на еден од најпогодените магацини. Тој за ТВ 24 раскажува дека водата наеднаш навлегла низ вратите до гајбите со јаболка,уништена е и механизацијата - севкупно штетите не се добројуваат.
Мештаните пак на околните села пак сведочат за невреме какво што не се памети уште од далечната 85 та година. Поплавени цели дворови, спратови од куќите. И кај домаќинствата има штета.
Ресенчани стравуваат и за следните денови кога се најавени нови поројни дождови.
Она што е позитивно во целата ситуација е дека со вода деновиве се полни Преспанското Езеро кое со години во континуитет ја губи водната површина.Според хидролозите дождовите влијаат поволно.Езерото го зголемува водостојот.

