ТВ 24 во Арачиново: Што се крие зад нападот на градоначалникот - политика и предизборие или лични пресметки?

Мирно, раздвижено, со клуч на општината и мештани кои си ја бркаат својата работа. Ваква слика затекна ТВ 24 денеска во Арачиново. Ден по пукањето кон градоначалникот Ридван Ибраими. Повредените се стабилни иако возачот е на Карил, а полицијата се уште го бара напаѓачот.

По вчерашниот инцидент, кој се случи тука во скопската општина Арачиново, во кој мета на истрели од огнено оружје беше градоначалникот на Арачиново, денеска во оваа општина е мирно. Жителите со кои разговаравме зад камерите, велат дека воопшто не чувствуваат страв.

Жителот на скопско Арачиново, кој единствено реши да даде изјава, но сакаше да остане анонимен, вели дека не бил во општината во моментот на пукањето, а информацијата ја дознал од своите најблиски. Вели не се чувствува страв меѓу жителите затоа што свесни се дека немало никаква поврзаност со нив. 

Градоначалникот на општината, Ридван Ибраими, денеска не беше достапен за јавноста. Општината под клуч, авработените во општината велат дека протестираат. Тие сочувствуваат со болката на нивните ранети колеги кои што се во болница. Дел од нив зад камерата велат дека во текот на ноќта биле во болница покрај своите колеги.

Министерстерството за внатрешни работи не изнесува во јасвност нови информации за овој инцидент, а од скопското Обвинителство велат дека во континуитет издаваат наредби и насоки, а МВР постапувало за идентификација на сторител на кривичното дело.

Од ЗЕЛС писмено наведуваат Бараат од надлежните да се расчисти случајот. Велат дека ова не е прв случај во државава да се посегне по животот на градоначалник, при извршувањето на неговите работни обврски.

Претходно, во септември 2022 година, градоначалникот Ибраими изјави дека бил физички нападнат во просториите на општината, како и минатата година во мај кога пријавил во МВР дека добивал закани по живот.

Ридван Ибраими доаѓа од редовите на Демократската унија за интеграции, а на позицијата градоначалник на општина Арачиново е назначен од октомври 2021 година.