ТВ 24 по шести пат е одбиена за добивање на национална концесија

“Не постои оправданост за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за национална концесија ..“ - пишува во известувањето од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни  медиумски услуги. Одлуката и овој пат е донесена врз основа на Студија која е изработена од надворешен субјект, Пи Ар агенцијата Маркет Вижн од Скопје. 

Иако како и претходните анализи, образложението е слично, не постои економска оправданост за шеста национална телевзија. Медиумскиот пазар бил во опаѓање иако како и  профитабилноста на постоечките пет национални телевзии, од кои една  била во загуба. Еден од заклучоците е дека во сегашните пазарни  услови имало преголем број на телевизии. И овој пат во Студијата се наведува дека појавувањето на нова национална телевизија може  финансиски да ги загрози останатите пет национални телевизии. 

“Прагот на рентабилност кој треба да го постигне било кој нов учесник на пазарот, во најоптимистичкото сценарио на финансиски модел за анализа на инвестицијата во нова терестријална телевизија, за да работи без загуба изнесува најмалку 10,1% пазарен удел. Постигнувањето на оваа цел, ќе биде голем предизвик и ќе значи сериозно заострување на конкуренцијата со оглед на податоците дека телевизиите остваруваат минимални профити или работат со загуба“, sе наведува во Студијата и се додава: 

“Резултатите од економската анализа на пазарот за емитување програма преку дигитален терестријален мултиплекс ни покажуваат дека пазарот е влезен во период на стагнација, а профитабилноста е на најниско ниво, што е многу неповолен момент за влез на нова телевизија на пазарот“ 

Но Податоците од истата Студија покажуваат дека оваа состојба не била типчна за изминатите години во кои ТВ 24 поднесуваше барања за добивање на национална концесија. Во 2021та сите пет национални телевизии се со позитивни финансиски разулатати а приходите им се вратиле на ниво како пред пандемијата. И во 2019, 2018 , 2017 година вкупниот финансиски резулат е позитивен. Студијата врз основа на која е донесена одлука за необјавување на оглас за дозвола за национална концесија и овој пат е изработена од агенцијата „Маркет Вижн“, а раководител на четиричлениот тим кој даде негативно мислење е Владимир Божиновски заедно со истиот тим од минатата година.

Во јули Управниот суд пресече во корист на ТВ 24, дека АВМУ ангажирала несоодветна фирма која изработила некомпетентно истражување по кое ТВ 24 беше одбиена за национална концесија во 2020 та. Членовите на АВМУ изгласаа објавување на нов оглас со кој повторно и годинава е избрана истата Агенција.