ТВ 24 неофицијално дознава: Екс спикерот Џафери на чело на телото за вработувањата по етнички клуч
Веднаш по одморот народните избраници ќе се пристапат кон формирање и изборот на членови на комисијата за правична застапеност која вчера на собраниската седница го помина првиот собраниски филтер . Ова тело кое беше договорено меѓу Мицкоски и Ахмети ќе брои 13 члена а претседателот ќе биде на ДУИ неофицијално се спомнува името на Талат Џафери . Шест члена ќе има од Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ , по два члена ќе имаат Коалициите на Европскиот фронт и на СДСМ, а по 1 член ќе имаат Вреди, ЗНАМ и Левица .
Сепак од Левица реагираат и го вперија прстот кон ВМРО ДПМНЕ откако пратеникот Сашко Јанчев на својот Ф.Б профил напиша
ДПМНЕ најави укинување на балансерот, а на ДУИ им основаа собраниска комисија која ќе ја врши функцијата на балансерот.
Овој договор падна кога се гласаше реорганизација на Влада и се формираа плус нови министерства. Најинтересно е тоа што ДУИ не ни присуствуваа во собрание кога се гласаше и имаа само еден пратеник .
Со сличен став и од СДСМ од каде наведуваат:
Во Собранието ВМРО-ДПМНЕ реализираше еден од договорите на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ со формирање на тело за следење на правична застапеност на заедниците. Истата таа ВМРО-ДПМНЕ која ветуваше укинување на балансерот, со реализација на договорот со ДУИ го издгигна на повиско ниво, на ниво на Собранието.
Сепак од ДУИ велат дека не присуствувале бидејќи вчера славеле 23 години од Охридскиот рамковен договор.
Немавме пратеници поради активностите кои вчера ги имавме со одбележувањето на 23 годишнината од Охридскиот рамковен договор . Одлуката да се стави точката на вчерашниот дневен ред беше на Африм Гаши . Сепак очекуваме по изборите да се формира ова тело во кое ние ќе имаме претседател бидејќи тоа беше и условот за нашето учество во собранието, а за идните чекори дополнително ќе информираме велат од ДУИ.
По обвинувањата на Левица и СДСМ пак од ВМРО ДПМНЕ за ТВ 24 велат:
Гласањето за формирање на ова тело се однесува за правичната застапеност на сите етнички заедници во земјата а не само за албанците. Тоа нема никаква врска со укинување на балансерот и ние остануваме на ставот дека балансерот треба да биде укинат . ВМРО ДПМНЕ во ова привремено собраниско тело го има мнозинството.