Врвна машка актерска екипа составена од бардовите на македонското глумиште со полна пареа се подготвува за премиерата на претставата “12” на 20ти ноември.
Режијата и адаптацијата на текстот е на Синиша Евтимов, а претставата е според драмата “12 гневни мажи” на Реџиналд Роуз.