ТВ 24 излегува од комитетот за мерење на публиката

Телевизија 24 излегува  од Комитетот за мерење на публиката – тело формирано од петте национални телевии во змејава и една маркатинг агенција ... ТВ 24 одлучи да отстапи од овој комитет, на кој на македонскиот медиумуски пазар му се дозвили да има ексклузивитет во мерење на рејтинзите на телевизиите – кои треба да бидата параметар и делба на ракламниот колач. 

Според адвокатот Љупче Докузов никаде во светот нема, вакво тело да одлучува за целиот медиумски пазар. Посебно што, маркетинг колачот се дели врз основа на овие мерења, во кој главен збор имаат основачите, Сител, Канал 5, Телма, Алсат и Алфа.

„Сметаме дека законската надлежност на едно регулаторно тело доверена со Закон не може да се пренесува на надворешно правно лице. Уште помалку на субјекти кои што треба да бидат регулирани од оваа Агенција, а кои во конкретниот случај се регулираат самите себе, преку Комитетот што сами го имаат формирано, односно денеска истите самите си ја мерат гледаноста. Ова го има само во Македонија и никаде на друго место“. - Љупче Докузов, адвокат.

Начинот на мерење на рејтинзите, растот на цените кои се зголемија за тројно, како се поставени уредите за мерење на гладаноста, во какви средини, кај какви гледачи – бројни отворени прашања и делеми за начинот на кој фунционира Комитетот. Едно од клучните прашање е зошто гледаноста ја мери ова тело, а не агенцијата за медиуми .. Конкретно во  членот 6 од  Законот за аудио и аудиовизулени медиумски услуги,  стои дека Агенцијата има надлежност да врши мерење на гледаност. Истовремено Агенцијата за медиуми е непрофитно регулаторно тело и треба да биде независна и непристрасна кон други правни лица.

 

Но од Агенцијата за медиуми велат дека овој начин на мерење се практикува секаде.

„Секаде во светот мерењето го прават реномирани странски компании заедно со телевизиии и огласувачи. Агенцијата ниту е стручна за тоа, ниту, пак, има капацитет. И цената во Македонија е далеку поевтина, од на пример Словенија, која е слична по број на жители и територија“. - Зоран Трајчевски, директор на АВМУ.

ТВ 24 го праша и министерот за информатичко оштество и администрација, под чија надлежност е оваа сфера.

Мерењето на гледаноста е регулирана со Закон и упатство што го спроведува Агенцијата, вели тој, но побара време да провери какви финансиски импликации предизвикува овој модел. 

ТВ 24 во неколку наврати досега се обраќаше до Комитетот со реакции, но одговорот секогаш беше дека се е во ред со актулените мерења. Сега – петте национални телевизии и маркетинг агенцијата остануваа единстените – и основачи и членови на комитетот со мерење на сопствените рејтинзи – а наспроти нив сите останати телевзиии кои зрачат во земјата.