ТВ 24 дознава: Владата ќе препорача на претседателот на државата и на советот за безбедност прогласување на кризна состојба
Foto

ТВ 24 дознава: Владата ќе препорача на претседателот на државата и на советот за безбедност прогласување на кризна состојба

Телевзија 24 дознава дека владата ќе препорача на претседателот на државата и на советот за безбедност прогласување на кризна состојба. Според нашите информации, најверојатно на територијата на целата држава.

Кризната состојба не значи полициски час, ниту карантин, туку состојба која ќе овозможи подбро фунакционирање на институциите и на фунакциите на државата - на полицијата, на здравството, на армијата, велат нашите извори.

Оваа препорака на владата ќе биде адресирана деновиве. А причината е влошената здравствена состојба со растечкиот број на новоозаболени. Последната одлука на комисијата за заштита од заразни болести беше дека не се потребни дополнителни мерки и рестрикции за заштита од ширење на ковид 19.

0 Коментари

Остави коментари