ТВ 24 дознава тројца можни кандидати за директор на АНБ:Лукаровски,Милошевски и Ангеловски

Оливер Лукаровски, Зарко Милошевски и Зоран Ангеловски се имињата кои се во трка за шеф на Агенцијата за национална безбедност, дознава неофицијално ТВ 24.

За дваесетина дена, премиерот Димитар Ковачевски ќе треба да бира кој од овие тројца ќе биде наследник на Виктор Димовски, кој пак треба да замине на амбасадорска должност во Париз.

Наследникот на Димовски се бира во време кога АНБ е на тапет, а поради пропуст при проверката на украинскиот олигарх Олександр Онишченко, на кого му беше дадено државјанство без проверки кај НАТО сојузниците.

Лукаровски, кој доаѓа од МВР и е шеф на одделот за крим-полиција, а според неофицјалните информации од висок валдин функционер, ја има и поддрчката на минситерот за внатрешни работи Оливер Спаосвски и има најголеми шанси за директорското столче.

Милошевски пак, доаѓа од редовите на АНБ – Началник е на одделот за безбедносни проверки и проценки, како и проверки во НАТО сојузниците – одделот кој без проверка во НАТО членките даде зелено светло за Онишченко да добие македонско државјанство, а неговиот потпис според информациите на ТВ24, е ставен на документот со кој се гарантира дека е направена проценка за ризик и украинскиот олигарх не претставува ризик по националната безбедност. Милошевски за началник во згаснатата УБК е назначен во 2007 година, кога на чело на Управата е Сашо Мијалков. Според неофицјалните информации од висок партиски функционер во СДСМ, дека Милошевски би бил вистинско решение, бил ставот на генералниот секретар Миле Зечевиќ. Како оперативец на УБК, не миже да му се најде ниту фотоградија на интернет . 

Ангеловски пак, во моментов е директор на оперативно-техничката агенција, која се формираше во 2018 година со цел да се оневозможи каква било злоупотреба на мерката следење на електронските комуникации на граѓаните од страна на овластените органи за следење на комуникациите или операторите. И тој доаѓа од Службата за државна безбедност, каде ја почнал кариерата, а потоа заминува во Агенцијата за разузнавање. Пред да застане на чело на ОТА, Ангеловски рабодел како овластено лице за спроведување на ISSO стандарди во Македонија.

Во меѓувреме, се чека МВР да ја заврши проверката како реферирањето на Димовски на затворена седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР протече во живо на официјалниот Јутјуб канал на Собранието. Додека не заврши истрагата на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, не може да се одржи продолжението на седницата, а на која директорот во заминување треба да каже каде е лоцирана вината, иако во меѓувреме, две лица беа суспендирани поради пропустите.