ТВ 24 дознава: На 25 ноември во Скопје се отвора државен културен центар на Бугарија
ТВ24 дознава дека на 25 ноември во Скопје се отвора новата канцеларија на Бугарскиот Културно-Информативен Центар, кој сега е лоциран на градскиот плоштад.
Во Македонија постои Бугарски културен центар отворен како резултат на Договорот за културна соработка меѓу Македонија и Бугарија потпишан во 2002 година.
Инаку, во Софија, веќе со години работи државен културен центар на Македонија., Оттука, овојпат не е на сила досегашната пракса на именување на контроверзни личности со фашистичко минато - како Ванчо Михајлов, Цар Борис, Фердинанд.