ТВ 24 дознава: МНР ќе го повика бугарскиот амбасадор за изјавата на шефицата на бугарската дипломатија која го искористи терминот „северномакедоски“
ТВ 24 дознава МНР ќе го повика бугарскиот амбасадор за изјавата на шефицата на бугарската дипломатија која го искористи терминот „северномакедоски“
Бугарскиот амбасадор Жељаско Радуков ќе биде повикан на разговор во МНР брофираат , како реакција на изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Весислава Петрова-Чамова која вчера во Брисел наместо македонски , го успотреби терминот „северно македонски“ кој не постои брифираат за ТВ 24 извори од МНР . Реакција имаше синоќа и министерот Тимчо Муцински , кој реагираше дека мора да се почитива прецизната форма.
„Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци. Ова не е прашање на политика, туку на основно почитување на идентитетот и достоинството на еден народ. Во дипломатијата прецизноста не е формалност, туку одраз на почит – реагираше министерот Муцунски во врска со изјавата на Чамова на социјалните мрежи .
Муцунски ѝ замери на Петрова-Чамова за тоа што го употребила терминот „северномакедонски“, но и за форматот на „средбата“. Според него, немало средба туку едноминутен разговор. Чамова, пак, јасно порача – имавме добра средба на која повторив дека се потребни уставни измени за продолжување на патот кон ЕУ.

