ТВ 24 дознава: Јанез Копач претседателот на Европската енергетска заедница в четврток доаѓа во Скопје
Во четврток во Скопје доаѓа првиот човек на европската енергетска заедница Јанез Копач, дознава ТВ 24.
Првиот човек на ЕЕЗ Копач, ќе оствари средби со енергетските власти во земјава, а со претседателот на РКЕ Марко Бислимовски предвидена е заедничка прес конференција.
Копач доаѓа во Македонија два дена откако владата прогласи 30 дневна кризна енергетска состојба и одлучи да вбризга 65 милиони евра во енергетските компании.