ТВ 24 дознава: Две од трите дојави за бомби се лажни
Две од трите дојави за бомби се лажни, дознава ТВ 24.
Според информациите, полицијата ги провери училиштата Орце Николов и Јосип Броз Тито во кои немало експлозивна направа. И додека завршуваат проверките, стигнала нова дојава, овојпат на мејл адресата на Угостителското училиште Лазар Танев.
Од МВР нема нови официјални информации освен дека се работи на терен и дека сите ученици се евакуирани.