ТВ 24 дознава: Бугарија со допис до членките на ЕУ - се жали за блокадата на Чешка и Словачка
Foto

ТВ 24 дознава: Бугарија со допис до членките на ЕУ - се жали за блокадата на Чешка и Словачка

Бугарија реагирала на блокадата на заклучоците за проширувањето на Западен Балкан во Советот на ЕУ од страна на Чешка и Словачка, дознава телевизија 24.

Испратена е позиција од официјална Софија, до сите останати 26 земји- членки на Унијата, каде Владата на Борисов жали за неочекуваната блокада на вчерашните заклучоци. Во нивната позиција велат дека ветото од Прага и Братислава го нарушува кредибилитетот на ЕУ. Чешка и Словачка не се согласуваат со одобрените заклучоци за Западен Балкан од страна на амбасадорското тело КОРЕПЕР, вчера во Брисел, каде се зборува за погрешно толкување на историјата.

Тие сметаат дека премногу и се попушта на Бугарија во спорот со Македонија, што би можело да доведе до нови компликации.

„Нема да дозволиме ЕУ да ни биде судија за заедничаката историја“ - порачаа во заедничка изјава Словачка и Чешка, откако денеска ги блокираа заклучоците за проширувањето на Западен Балкан во Советот на ЕУ.

Засега останува нејасно какви други карти ќе искористи германското претседателство по однос на прашањето за проширување. Јасно е само дека претседавањето на Берлин со Унијата има рок до 31 декември да изнајде решение.

0 Коментари

Остави коментари