ТВ 24 дознава: Антонијо Молошоски ќе му го чува грбот на Николовски во „четворка“

Антонио Милошоски од традиционалнта листа во петак се сели во четворка, според информациите на ТВ 24 од висок партиски функционер на ВМРОДПМНЕ ќе му го чува грбот на Александар Николовски во битката со Венко Филипче од СДСМ.

Трета на оваа листа ќе се најде актуелната пратеничка Ели Панова . Освен Панова според информациите на листите на Мицксоки ќе се најде речсии целиот актуелен пратенички осостав, а место ќе има и за потпретседателката Гордана Димитровска Кочовска, која ќе биде втора во единицата, зад лидерот на партијата.

Грбот на Дафина Стојановска пак ќе и го чува АЛександар Вељановски. Добитно место има и за Никола Мицевски, Благица Ласовска, Жаклина Пешевска, Марија Митева, Бране Петрушевски, но ќе ги нема Ане Лашковска, Игор Јанушев, Здравко Трајанов.

На изборните листи според инфорамациите нема да ги има ниту функционерите кои се сега дел од техничката Влада. Носителите на ВМРО-ДПМНЕ како што објави ТВ 24, Мицксоки веќе ги официјализираше: Мицкоски во единицата, Мисјаловски во двојката, Ковачки во тројката, Николовски во четворка, Сајковски во петка и Стојановска во шестка.

Дел од нив веќе со денови се растрчани по изборните единици, па така Николовски не излегува од четворката, а Ковачки од тројката.