ТВ 24 дознава: 60 000 евра гаранција за Стефан Богоев да се брани од слобода

Гаранција од 60 000 евра за Стефан Богоев да се брани од слобода поднела одбраната на поранешниот директор на Царина и пратеник Стефан Богоев, дознава ТВ 24.

Според информациите на ТВ 24 во жалбата се наведени и контра аргументи за основите за кои Богоев доби притвор за опасност од бегство и влијание врз сведоци.

Од Кривичниот суд потврдуваат дека жалбата е стигната и пратена во ОЈО ГОКК за одговор, по што од понеделник ќе одлучува Кривичен совет.

Богоев со уште три лица се сомничи за местење на тендер вреден 300 000 евра и примање награда од 1800 евра. Од ОСДСМ откако преку соопштение обвинија дека апсењето е политички монтирано, претседателот на партијата Венко Филипче се воздржа од коментар додека не решеле институциите.