ТВ 24 дојде до пратеничките листи за кои Ковачевски ќе бара поддршка од Конгресот денска
ТВ 24 дојде до пратеничките листи на СДСМ – актуелните пратеници и фунционери кои секојдневно ги „биеја“ битките на Ковачевски по дебатите и во Сибранието сведени на минимум, речиси и да ги нема на добитни места на пратеничките листи.
Според инфорамциите на ТВ 24, Ковачевски ова на синоќешниот состанок на најтесното партиско раководство го правдал со анкети, но и со рамномерна застапеност меѓу општинските организации.
Па така освен двоецот Ковачевски и Зајкова, во првата изборна единица, добитно место има за Даниела Николова, актуелна пратеничка, за која високи партиски функционер вели дека без образложение, кое го барале го заземала местото на Александар Бајдовски како предлог од ОО Аеродром, и според инфорамциите иако имало укажување ан синоќешната координација, дека Бајдевски треба да го заземе тоа место, Ковачевски не попуштил, четврти е Бојан Маричиќ, петта Милена Стевановиќ, Маја Морачанин, по што следува актуелниот пратеник и портпарол Даарко Каевски, Љубица Јанчева советник од град Скопје, Љупчо Фармаковски и Андреј Лозановски.
На листата го нема генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, ја нема и заменичката за правда Викторија Мадиќ, која изминатиов период можеше да се види на сите јавни настапи на Ковачевски, но и која ги „избутка“ измените на КЗ, но и потпретседателот на партијата и актуелен директор на царина Стефан Богоев, како ни екс градоначалникот на Скопје и челна на ИО Петре Шилегов.
Во двојката по двоецот Спасовски - Битиќи е актуелната пратеничка Санела Шкријељ, актуелниот координатор на ПГ во Собранието, Мартин Костовски, а по него она што е изненадување е тетовецот Марко Михаиловски, претседателот на младината, кој се натпреваруваше со Славјанка Петровска за носител во шестка, на листата во подолните места предвиденое е место и за Српската партија, но и за Мики Милковски од НСДП.
Во тројката по Лукаревска и Николовски, се лидерот на НСДП Горан Мисовски, Благој Бочварски, Љупчо Балковски од ВМРО НП, па Душанка Ѓорѓиева Тршевска, Зоран Арсовски, по што е предвидено место за партија на пензионерите.
Во четвртата изборна единица, освен носителкиот тандем, Филипче и Тренчевска, актуелниот пратеник Миле Талевски, па Соња Мираковска од НСДП, па претседателот на ОО Струмица Борче Цветков, па Даниела Колева - актуелна пратеничка, Лолита Ристова.
Во петката која ја носи како што објави ТВ 24 Јован Митрески и Бисера Костадиновска, третото емсто е за организацискиот секреатра Митко Трајчулевски, па место за Боби Мојсовски од ЛДП, па за Енес Ибрахим од партијата на Турците, по што доаѓа Жаклина Лазаревска пратеничка од Охрид, Билајна Гошаревска, Методија Илиевски. Од актеилниот состав се забележува дека го нема Лазе Таневски
Во шестката освен Петровска и Демири, на листата се предвидени и Ема Нешковска, Андријана Томовска, Даниел Антонски.
Овие предлози треба да добијат потврда од Извршниот и Централниот одбор, но и од Конгресот на партијата денеска.