ТВ 24 дојде до иницијативата со која одбраната на дел од обвинетите бара од ОЈО да биде ревидирано обвинението за пожарот во „Пулс“

Јавното обвинителство да го ревидира обвинението за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и да ја запре постапката за дел од обвинетите кои не биле на функција, бара одбраната на дел од обвинетите од стручниот коелгио, на ЈО и од  в.д шефицата на републичкото обвинителство Анита Тополова Исајловска.

Одбраната во документот до кој дојде ТВ 24 се повикува на последната одлука на ОЈО ГОКК каде се раздвои постпаката и за дел до полициските службеници поднсе обвинение како соизвршители за тешки деа против безбедноста ,а  за дел за злоупотреба на зложбената должнсот и давање лажни информации 

„Иницијатива до ОЈО “

- Ова барање- иницијатива се доставува за постапување на стручниот колегиум , согласно на член 19 од законот на ЈО за единствена примена на законите со што ќе се ревидира поднесениот обвинителен акт од 13.20205 но и  повлекување на обвинението во однос на обвинети лица кои немале директни дејствија или овластување во време на настанатиот пожар како тоа неспорно се чини со поднесениот обвинителен акт од ОЈО ГОКК за кривично дело „ тешки дела против безбедноста“  во однос на лица со директни овастувања при настанувањето на самиот пожар како  службени или одговорни лица.

Во документот одбрана се повикува на еднаква примена на законот по одлуката заполицјаците и потенцира дека обвиниетите за кои бара повлекување на обвинението не с еслужбени лица, нивните функцкии завршеле од 7 месеци,  две години и 12 години воинституциите , но и дека немале  овалстување со кои можеат да се доведат во релација со пожарот. Одбраната во иницијативата децидно се повикува на трите обвиненија од ОЈО ГОКК за полициските службеници, особено за оние кои се гоната за тешки дела против безбеднсота 

„Иницијатива до ОЈО “

- Поднесениот обвинителен акт од ОЈО ГОКК за кривично дело „ тешки дела против безбедноста„ во однос на полициските службеници СЕ ОДНЕСУВА САМО НА ЛИЦА кои имале непосредни СЛУЖБЕНИ обврски во периодот од 14.03-16.03 2025 г. 

Судијата Ненад Савевски и кандидат за републички ЈО во 24 анализа порача дека е свесен за сомнежите кои се отвориле по одлуката на ОЈО ГОКК за полицајците . 

ТВ 24 побара став до ОЈО за иницијативата , оттаму ни кажаа дека дека нема да коемнтирата таков документ се додека не го добијат и за него нема одлука дали воопшто ќе биде разгледан на стручен колегиум.