ТВ 24: Азир Алиу, поранешниот министер за дигитализација, е најсериозен кандидат за нов министер за здравство

Азир Алиу, поранешниот министер за информатичко општество и дигитализација во Владата на Димитар Ковачевски , најверојатно ќе биде новиот министер за здравство во Владата на Христијан Мицкоски , на местото на неговиот довчерашен лидер Арбен Таравари . Висок владин функционер од Вреди за ТВ 24 најавува дека Алиу е најизвесната оција што ќе му ја предложат на премиерот Христијан Мицкоски за нов министер за здравство . истиот функционер вели дека Алиу веќе подготвил и план и стратегија со приорите во здравството , кои како што вели преку дигитализација ќе им ги олеснат услугите на пациентите . Предлогот ќе дојде од фракцијата што ја направи во крилото на Таравари по неговото  заминување од Владата, вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи. ТВ 24 го контактираше Алиу, но тој остана воздржан. ТВ24 веќе објави дека доколку Фетаи успее да направи фракција во крилото на Таравари и да ги задржи дел од неговите функиоцнери – тој ќе биде оној што ќе реши за нов министер за здарвство . Алиу преку објава на социјалните мрежи , по одлуката на Таравари за напуштање на Илинденска бр 2 објави дека нема да го следи 

 " Сметам дека излегувањето во овој момент – без јасен план, дава можност за индиректно рехабилитирање и “лечење” на старите ДУИ структури и нивните несмасни наративи – а тоа е чекор што јас не го делам, бидејќи верувам дека секој еден млад албанец, интелектуалец, заслужува поразлична политичка опција - авангарда која сака поразлична иднина од досега, одбира победа за надежта, за ставање на паметните и вредните, а не багабонтите, на пиедесталот на општеството, напиша Алиу на Фејсбук 

Алиу денови е и единствениот сопартиец на Фетаи кој го придружува на неговите средби со меѓународниот фактор , односно беше со Фетаи на средбата со заменичката амбасадорка во американската амбасада Никол Варнес, а беше и дел од делегацијата која се сретна со косовскиот премиер Албин Курти . Од оваа фракција велат дека мнозиството функционери и  директори кои ги  постави Таравари во Владата остануваат како дел од неа. Последна што му го сврте грбот е сега веќе поранешната потпретседателка на Алијанса за Албанците, Бујаре Абази, која пред неколку дена беше изгласана во  Собранието за  претседателка на Комисијата за хартии од вредност Таа во објава на фејсбук без да го спомена Таравари им  се заблагодари на Фетаи , Алиу и Мицкоски. 

Паралелно со делувањето на Фетаи и тројката од Вреди мирен не седи ниту Арбен тарааври . Неофијцијано од неговото крило велат дека преговараат да стигнат до петиот пратеник, кој им треба за ПГ ,а кој го изгубија по оставката на Селим Сулејмани . Со фотографија од средба со евроамбасадорот Михаил Рокас на фексбик се пофали и Арбен Тараври , придружуван од неговиот генерален секретар Блерант Рамадани кој си поднесе оставка од директорска функција . 

"На евроамбасадорот му ја објаснив одлуката за напуштање на Владата и  продлжување како опозиција . Нашата заложба за македонско членство во ЕУ е непоколеблива, напиша Таравари на фејсбук 

Таравари пак наспроти средбите со Курти, како дел од Вреди, по напуштањето од Владата се сретна со албанскиот премиер Еди Рама,  кој важи дека одсекогаш имал одлични односи со Али Ахмети. Засега нема информација за средба со Али Ахмети како лидери во опозиција, иако Ахмети изјави за ТВ 24 дека додека беше Таравари во Влада се сретнале три пати. Термин за средба со Таравари чека и лидерот на СДСМ Венко Филипче .