Турскиот Џемс Бонд во стрелање Јусуф Дикеч освои сребро на ЛОИ во Париз!

Турскиот натпреварувач во стрелање Јусуф Дикеч го доби прекарот Џејмс Бонд поради својот настап на Олимписките игри во Париз.

Во двојка со Севал Илајда Тархан, тој освои сребро во пукање од 10 метри, но го привлече вниманието со својот неконвенционален став. За разлика од останатите натпреварувачи, тој не користи слушалки за суспензија на звукот, ниту специјални леќи, а капак на се, пука додека другата рака му е в џеб.

Ова се петти Олимписки игри за Дикеч во неговата кариера, а со неговата партнерка Тархан, за малку им избега златото бидејќи имаа предност, а на крајот загубија од Србите, Арауновиќ и Микец и мораа да се задоволат со сребрениот медал.