Турски автобус со патници се превртел на крстосницата на автопатот Куманово - Белград
Foto

Турски автобус со патници се превртел на крстосницата на автопатот Куманово - Белград

Турски автобус полн со патници попладнево се превртел кај населбата Долно Коњаре на крсотсницата на автопатот Куманово - Белград.

Според првичните информации три лица се здобиле со полесни повреди. Очевидци на инцидентот велат дека автобусот се исклучил од автопатот и кога се вклучил на магистралниот пат кон Крива Паланка од непознати причини излетал од патот и се превртел.

Од СВР Куманово соопштуваат дека несреќата се случила во 17 часот, кога автобус на туристичка агенција со турски национални ознаки излетал од патот.

0 Коментари

Остави коментари