Турската полиција денеска го уапси градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, популарен опозициски лидер
Приведен градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу...Најголемиот ривал на Реџеп Таип Ердоган заврши во притвот под обвинение за корупција и поврзаност со терористички организации...Турсаката полиција го претресува и неговиот дом, а пред резиденцијата има засилено полициско присуство..Одлуката за негово апсење доаѓа само неколку дена откако Универзитетот во Истанбул објави дека дипломата на Имамоглу е невалидна поради наводни неправилности..
Покрај Имамоглу, приведен е и неговиот портпарол Мурат Онгун...Според туските медиуми, има список со бизнисмени и новинари за кои е издадена наредба за апсење...
Екрем Имамоглу – градоначалник на Истанбул: „Со жалење морам да кажам дека мала група луѓе, кои се обидуваат да ја украдат волјата на народот, ја злоупотребуваат полицијата и безбедносните сили за ова незаконско дејствие. Стотици полицајци се испратени пред мојот дом – домот на 16 милиони жители на Истанбул. Деновите кога тие што стојат зад оваа неправда ќе одговараат пред историјата и пред правдата се блиску. “
Турската влада ги негира обвинувањата дека со ова се врши притисок врз политичките противници на Ердоган, тврдејќи дека судскиот систем е независен...Главното обвинителство во Истанбул веќе поднесе обвиненија за „корупција, примање мито и соработка со терористички групи“ против Имамоглу и уште над 100 лица..Од владеачката коалиција велат дека судскиот систем во земјата е објективен и независен...
..Девлет Бахчели – претседател на Партијата за националистичка акција : „Имам целосна доверба во турскиот судски систем. Турција е земја во која владее правото. Никој не е недопирлив. “
Во меѓувреме, гувернерот на Истанбул, кој е назначен на позицијата од Ердоган, воведе четиридневна забрана за собири и протести, за да се „одржи јавниот ред и да се спречат потенцијални провокации...Но и покрај ваквата одлука, протести на кампусот на Универзитетот во Истанбул...Десетици студенти кои го поддржуваа приведениот градоначалник на најголемиот турски град ги пробија полициските барикади за време на денешните демонстрации, по што полицијата интервенираше со солзавец...Судирот се случи откако главната турска опозициска партија повика на национални протести по апсењето на Истанбул, Екрем Имамоглу...
Приведувањето на Имамоглу следува само неколку дена пред главната опозициска партија да го избере за свој кандидат на следните претседателски избори .. На локалните избори кои се оддржаа во март минатата година, турската опозиција постигна голема победа, освојувајќи мнозинство во неколку големи градови, вклучувајќи ги Истанбул и Анкара, со што владејачката Партија на правдата и развојот го загуби доминантното влијание на локално ниво.