Турската компанија ТАВ сеуште чека одговор од македонската владата каде да инвестира 45 милиони евра
Foto

Турската компанија ТАВ сеуште чека одговор од македонската владата каде да инвестира 45 милиони евра

Груацијата ТАВ е подготвена да инвестира 45 милиони евра, но се уште го чека списокот од македонската влада каде овие пари да бидат насочени. Според договорот, 10 милиони ќе бидат искористени за проширување на двата аеродрома, во Скопје и во Охрид. Но за останатите 35, Владата се уште не доставила конкретен список. Овие пари останаа да висат откако отпадна намерата да се гради карго аеродром во Штип поради лошите ветрови таму.

ТАВ е 10 години во Македонија. Од почетните 640 илјади патници се очекува оваа бројка до крајот на годината да достигне до 2,7 милиони евра. Турските инвеститори имаат намера да побараат продолжување на концесијата, од 20 на 35 години, зашто се подготвени за нови инвестиции.

ОД ТАВ велат дека старата заграда на аеродромот во Скопје е неискористена зашто е во сопственост на државата. Скопскиот аеродром не е тразитен центар, но се работи на тоа тој да стане главен регионален аеродром во нашите простори. Сега од Скопје се лета на 44 дестинации.

0 Коментари

Остави коментари