Туристичките водичи од Охрид и натаму со нерешен работен статус
Туристичките водичи од Охрид се соочуваат со низа проблеми.Сеуште се со нерешен статус, во делот на плаќање на пензиско и инвалидско осигурување, социјална и здравствена заштита, а се почесто соочуваат и со нелојална конкуренција на пазарот од нивните странски колеги. Водичи од странство на свој начин ја прикажуваат нашата историја иако според закон за тоа треба да се ангажира резидентен лиценциран водич.Од Здружението на водичи од Охрид велат Законот за туристичка дејност треба да претрпи коренити измени.
За да се поправат состојбите мора да се следи текот на парите во туризмот.Околу 70 проценти од водичите сеуште се плаќаат во готовина.
Во Македонија регистрирани се повеќе од 1300 туристички водичи. Само во регистарот на Општина Охрид евидентирани се околу 200 водичи.