Туристичките центри ја "крчкаат" празничната понуда
Со влезот во месец декември на големо се "крчка "празничната понуда во туристичките центри.Дел од рестораните на ривиерата веќе ги објавија цените за празничните аранжмани. Во центарските локали за прослава на Нова година со музика во живо и шведска маса цената
достигнува и до 100 еу по лице.Кај сместувањето пак нема големи промени. Зависно од локацијата ноќевањата се движат од 40 еу нагоре. Туристичката фела е со поделени мислења кога се цените во прашање.
Кога е во прашање растот или промената на цените од сезона во сезона, најважен е квалитетот на услугата.Ако хотелот е со 4 звезди и креира цена за таков,без отстапки ист треба да биде и квалитетот додава Наумов.
Најновите информации говорат дека Охрид веќе на големо се резервира за прослава Новогодишните празници. По традиција хотелските капацитети празнично бележат исполнетост од 80 до 100 %. Се очекува и оваа година најбројни да се гостите од регионот, Бугарија, Србија, Грција, Албанија и Црна Гора.

