Туристичкиот сектор против воведување прогресивен данок
Foto

Туристичкиот сектор против воведување прогресивен данок

Промената на даночната сфера со воведувањето прогресивен данок ќе му штети на туризмот, а најмногу на малите бизниси,во случајов на приватните станоиздавачи смета деканот на ФТУ од Охрид, Цветко Андреевски. Тој вели на удар први ќе бидат приватните станоиздавачи бидејќи ќе се промени даночната стапка за закуп а ќе се намали делот на прифатените трошоци.

„Она што се дава како закон за даночната сфера лоши ќе влијае во делот кај туризмот, и кај хотелиерите, посебно кај приватното сместување зошто за закупот се менува даночната стапка за 50%, а се намалува делот на прифатените трошоци од 30% на помал износ. Тоа ќе биде удар за приватните станоиздавачи кои се  го голем облем.“ - вели Андреевски.

Но освен врз туризмот промената на даночната политика е закана и за другите бизниси во сите области оценува Љубомир Димовски од ЕПИ центар.

„Сите тие реформи на извесен начин ќе го отежнат работењето на фирмите и тие прописи носат дополнителни обврски за нив.“ - Ние како систем на комори излеговме со став и барање даночната реформа да се одложи на пет години.“ - вели Димовски.

Од Стопанската комора пак велат дека за зацврстување на положбата на туризмот како гранка пресудно е субвенционирањето но не само на тур операторите туку и кај угостителите. Тие се за промена на досегашниот модел.

„Постојниот модел на субвенционирање се однесува само на субвенционирање приоритетно на тур операторите кои носат странски туристи особено како Стопанска комора се залагаме долг период наназад да се менува овој модел на субвенционирање и тоа да го почувствуваат угостителите.“ - изјави Даниела Василевска Михајловска, Стопанска комора на р.Македонија.

Како до стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика беа главните теми на форумот кој денеска се одржа во Охрид,a на кој говореа претставници на бизнис заедницата, владини претставници, како и домашни и странски експерти.

0 Коментари

Остави коментари