Tурција: Продолжуваат нападите врз северниот дел од Сирија
Foto

Tурција: Продолжуваат нападите врз северниот дел од Сирија

Турското Министерство за одбрана соопшти дека копнените сили денеска продолжиле да напредуваат кон позиции на курдските борци на север во Сирија. Во соопштението не се дадени повеќе детали.

Турските трупи и нивни сириски бунтовнички сојузници почнаа вчера офанзива на североисток во Сирија. Во нападите вчера загинаа најмалку 15 цивили и повредени се над 20.

Сириските медиуми јавија дека турските ВВС денеска гранатирале во реонот на селото Рас ал Аин во северна Сирија. Сириската телевизија Ал Ихбарија јави дека во операцијата учествуваат копнени сили на турската армија. Ал Џазира јави дека турската армија зазела неколку села во регионот.

0 Коментари

Остави коментари