Турција и Сирија го расипаа „медениот месец” поради офанзивата во Идлиб
Foto

Турција и Сирија го расипаа „медениот месец” поради офанзивата во Идлиб

Ескалира состојбата во Идлиб – се заканува ли нова мигрантска криза ако Ердоган ги отвори портите кон ЕУ ?  Што се случува со договорот кои го потпишаа Европската Унија и официјална Анкара и дали Турција ќе сака да го прекине? 

По воздушниот напад на сириската армија во кој загинаа 33 турски војници, Турција возвраќа со одмазднички напади и закани дека ќе ги отвори границите кон Европа за бегалците. 

Додека Ердоган засега молчи, Европската унија ѝ порача на Анкара оти очекува таа да ги почитува своите обврски преземени според договорот за бегалците кој стапи на сила на 4 април 2016та. Портпаролот на ЕУ, Петер Стано на денешната средба со новинарите истакна

„Значи, од наша гледна точка, договорот ЕУ-Турција сè уште важи и очекуваме Турција да ги исполни своите обврски што произлегуваат од тоа. Турските власти официјално потврдија дека нема промена во официјалната политика. Очекуваме дека тоа ќе биде така и понатаму“ - изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

Сепак турската полиција, крајбрежната стража и граничарите добиле наредба да стојат настрана и да не ги спречуваат мигрантите и бегалците да се движат преку копно или море кон Европа, во очекување на пристигнувањето на нови бегалци од Идлиб, вели официјален претставник од Анкара за западни медиуми. Во меѓувреме Грција која во моментот има околу 100 илјади мигранти на нејзина територија и се соочува со континуирани протести на островите, претпладнево го затвори граничниот премин „Кастањес” со Турција кај Еврос. 

Во меѓувреме, за да не ескалира состојбата НАТО, ОН и останатите сојузници на Турција повикаа сириските воени сили и нивните руски поддржувачи да се повлечат и да спречат понатамошно продлабочување на хуманитарната криза. 

НАТО денеска одржа вонреден состанок поради ескалацијата во Идлиб, а генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг ги осуди нападите врз турските војници во Идлиб 

„Турција и Русија поддржуваат спротивставени страни во сириската војна, при што Анкара ги поддржува опозицијата, а Москва претседателот Асад. Тие во 2018та постигнаа договор  за прекин на огнот во регионот на Идлиб.“ - изјави Јенс Столтенберг.

Турција претходно постигна договор и со ЕУ уште во 2016та кога се договорија, официјална Анкара да ги преземе илегалните мигранти од Грција, ЕУ да исплати милјарди, да воведе безвизен режм и да и помогне на Труција на патото кон евроинтеграцискиот процес.

0 Коментари

Остави коментари