„Турбо фолк“ – пратенички прашања!

Економија, Европска Унија, трговија со дрога , босански естрадни ѕвезди, луксузни одмори на јахти... Последен четврток во месецот - во законодавниот дом, седница за пратенички прашања..Опозицијата обвинува дека под команда на христијан мицковски, пратениците не го изгласаа предлог законот за минимална плата...Тврдат и дека власта со сите сили се обидува да се заборави скандалот со 5 тони марихуана кои незабележани од никој, ја минаа македонската граница ...

Венко Филипче – СДСМ

„ Што да се праша за дрогата која помина преку граница , нема одговор, знам ќе кажете струмица , ваму – таму, 5 тони дрога се препакувале, патувале низ истокот на земјата , како јастуци, како јоргани, поминале граница не ги видела полиција не ги видела царина. “

Премиерот пак му порача на првиот човек на СДСМ дека фирмата во којашто се запленија повеќе од 30 тона марихуана е поврзана со поранешен висок функционер на опозицијата ...Го праша Филипче, и дали размислувал на ова додека одмарал во Дубаи...

Христијан Мицкоски – ВМРО ДПМНЕ

„Кога велите не знаете кои прашања да ги поставите, јас пак помислив дека ќе ми поставите прашање која е најдобрата песна на харис џиновиќ за следниот пат кога ќе отидете во дубаи таа да ја нарачате или пак ќе го поставите прашањењто дали бевте добро исунчан на една јахта која што крстареше на егејските плажи. “

Власта и опозицијата се скараа и за почесниот конзул на земјава во србија, а тема беа и нелегалните градби...Од Либерално демократската партија велат дека и покрај сите предупредувања , во заштитениот дел околу охридското езеро, никнуваат нови објекти...

Mоника Зајкова – Либерално Демократска партија

„Како и дали ќе постапите како актуелен министер доколку се утврди дека се гради или постојат градби во заштитениот појас на Охрид и истите се изградени спротивно на она што го бараат законите.“

Власта тврди дека се почитуваат законите и дека ако некаде е издадено одобрение за градба, тоа е добиено врз основа на деталниот урбанистички план...Велат и дека ако не се флексиблни , голем дел од селата во македонија би биле уништени ако сакаме да имаме патишта...

Александар Николовски - министер за транспорт и врски

„Ако ние на овој начин ригидно се однесуваме, треба половина села по македонија да ги изрушиме каде што поминуваат магистрални патишта..во лагадин на пример, треба пола лагадин да се сруши и овие што си имаат потпишано на петицијата , главно не живеат таму, вили имаат наследени од комунизмот, треба исто така да им се срушат вилите бидејќи се во рамки на заштитеното подрачје. “

Пратениците од власта и опозицијата ги вкрстија копјата за враќањето на артан групи и одлуката за одредување на куќен притвор...Меѓусебно се обвинуваа и за минималната и платите на функционерите...