Тупанчески во Правда, Петровска во Одбрана, Грковска - вицепремиер за борба со корупција
Професорот на Правен факултет, Никола Тупанчески ќе биде најверојатно изненадувањето на Димитар Ковачевски за нов министер за правда, брифира за ТВ24 висок партиски функционер од синоќешната партиска координација.
Според истиот функционер, во одбрана седнува пратеничката Славјанка Петровска, додека нова вицепремиерка за борба со корупција ќе биде поранешната пратеничка Славица Грковска.
ТВ24 веќе објави дека Јована Тренчевска ќе биде нова министерка за труд и социјална политика, додека Бисера Костадиновска Стојчевска ќе е нова министерка за култура.
Како што објавивме, Оливер Спасовски останува во МВР, Благој Бочварски во Транспорт и врски, Горан Милевски во Локална самоуправа, Фатмир Битиќи - вицепремиер за економски прашања, Бојан Маричиќ во евроинтеграции, Љупчо Николовски во Земјоделство.
Овој состав треба вечерва да добие зелено светло и од Извршниот и од Централниот одбор во СДСМ. Планот е утре составот заедно со програмата да влезе во Собрание.
Новата влада би требало да се гласа следниов викенд.