Тунева за ТВ 24: Месенџерот стана најопасна алатка за ширење на лажните вести

Марина Тунева, медимски експерт во емисијата 24 анализа вели дека појавата на лажни вести не е нова и таков вид на вести постојат одамна. Со појавата на социјалните мрежи, тие се позачестени и постои неконтролирани ширење на таквите информации.

- Најопасна алатка сега е месенџерот каде се споделуваат таквите информации. Импликациите и последиците и начинот на кој влијаат врз јавноста е нешто што е опасно и потребно е да се контролира. Нешто на што пшостојано укажува и професионалната медиумска заедница и образовани институции и граѓанскиот сектор. - вели Тунева.