Туберкулозата е опасна, здравството треба сериозно да го сфати преизвикот
Денеска започнува скринингот на возрасните лица во Инситутот за белодробни заболувања и туберкулоза, но и на дел од останатите деца од Прифатниот центар Визбегово.
Во тек се планираните испитувања на група од десетина лица предвидени за денеска. Од Институтот за белодробни заболуивања и туберкулоза за тв 24 велат дека дел од групата веќе ги направила потребните испитувања-очекуваат останатите да го сторат истото до крајот на денот. Во текот на наредната недела продолжуваат испитувањата.
Ризик-фактори за појава на туберкулкоза кај одредено лице се: преселбата или миграцијата, глобалната сиромаштија, невработеноста, појавата на ХИВ-инфекцијата како и намалениот имунитет, возраста на поединецот, константниот стрес, лицата што живеат во затворен простор како колектив-бегалците, лицата во психијатриските одделенија, домовите, затворите. Процесот на заразување и справување со болеста за тв 24, го објаснува д-р Деска Димитриевска од Клиниката за пулмологија и алергологија-Скопје.
Во Македонија има недостаток на здравстениот кадар од сите профили. Треба да се реорганизира здравствениот систем-додава д-р Димитриевска.
Ако нешто може да се направи за справување со порастот на туберкулоза во моментов е да се посвети повеќе внимание на рано откривање на туберкулозата и нејзино активно лекување, проверка на контактите и на тој начин ќе се постигне повторно ефектот на намалување на бројот на заболени. Македонија никогаш не била земја без ниту еден случај на туберкулоза, но последните петнаесетина година години бројката на заразени е значително намалена. Простор за паника нема-ситуацијата е под контрола-тврдат докторите.