Трпчевски ги почна пробите во виенски Музикферајн за светската премиера на „Македонисимо“
Во Стаклената сала на најпрестижната концертна сцена во глобални рамки, виенски “Музикферајн” започнаа пробите пред светската премиера на оркестарската верзија на проектот „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите.
Во аранжман на Пандев Шахов, бисерите на македонската традиционална музика на Големата сцена на Музикферајн на 2 март од 20 часот ќе ги изведе добро познатиот квинтет.
Во состав покрај Трпчески се и Александар Краповски, Александар Сомов, Хидан Мамудов и Влатко Нушев, заедно со австрискиот Тонкунстлер оркестар под диригентската палка на маестро Јутака Садо од Јапонија.
Проектот, во издание на британската етикета „Лин Рекордс“, лани во септември , ја имаше македонската премиера во Скопје, Битола и во Штип, по 5 години од светската премиера на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија.